На 21.08.2023 во 06.25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во стан во населбата „Св.Стефан“ во Охрид бил пронајден починат маж на (53) години од Скопје.
По овластување на јавен обвинител, увид извршија полициски екипи, а смрт без траги на насилство, констатира медицинска екипа од Итната медицинска помош од Охрид.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.