Наш ИзборНаш изборОхрид

Стружанецот Алeксандар Менкиноски со прекрасните фотографии кои ги доловува

Јас сум Александар Менкиноски, фотограф и видеограф базиран во градот Струга кој често знае да прошета и во околината и да долови по некоја интересна фотографија.

Вака ја започнува својата приказна младиот фотограф Менкиноски во интервју за Супер радио и OhridPress.

 

Вели дека со фотографија се занимава веќе полни 12 години, а може и да се каже дека е „роден со апаратот во рака“, па така настанала и љубовта кон фотографијата и покасно кон видеото.

– Најчесто го сликам она што е околу мене, односно пејзажи од природата која ме опкружува. Дали тоа било од воздух или од земја, секогаш се трудам да го доловам она што јас го гледам и уживам во нашата локална убавина, за да можат и многу други луѓе да го видат и уживаат истото. Како што гледате во последно се обидувам да го доловам градот Охрид низ мојот објектив, да го претставам во едно подобро светло онака како што му прилега. И, нормално се трудам да го промовирам туризмот во Струга и Охрид, за кое надевајќи се дека ќе успее, вели Александар.

Додава дека омилен дел од опремата до предмалку ми биле леќите, односно објективот, пред се’ затоа што тој е основниот дел од сликата, без него нема фокус.

– Сега, се разбира многу е атрактивно да можеш да леташ и да имаш поглед од воздух, па затоа сега ми е омилен дронот и можам да речам дека секојдневно летајќи со него се „играм“ и при таа игра доловувам прекрасни моменти кои некогаш ќе претставуваат убави спомени на едно време кое сигурно никогаш повеќе нема да се повтори, потенцира младиот фотограф.

Вели дека со свои дела конкурирал на Facebook страницата на Канон Македонија, каде добил награди како фотографија на неделата или месецот.

– Задоволството не произлегува од направените награди, туку од направените спомени. Покрај поголеми проекти, заедно со своето фото-видео Digitalin Studio работиме свадбени веселби во летниот период, во реонот Струга-Охрид, а со мојата продукција DigitalIN Livestream правиме преноси во живо кои ќе придонесат многу во нашата е-култура. Како поголем проект на кој сум работел и моментално работам тоа е мојот прв документарен филм кој детално ги проследува празнувањата на најголемите христијански празници во градот Струга насловен „Христијанството во Струга“, кој треба да излезе за многу кратко време, а за повеќе можете да го проследите трејлерот и постерот, вели Александар, кој иза читателите на OhridPress испрати и ексклузивни фотографии од Охрид.

 

повеќе на Ohridpress.com.mk