На 17.08.2023 во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид привеле 28 годишно лице од Велес, со привремен престој во Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: МВР