петок, ноември 15, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Конвој автомобили Фиќо од Србија пристигна во Охрид

Убава глетка за носталгичарите. Денеска во Охрид пристигна конвој автомобили Фиќо од Србија.

 

Инаку пред 68 години од производната лента на „Застава“ во Крагуевац се симна првото „фиќо“, кое по лиценца на италијанскиот „Фиат“ се произведуваше следните 30 години. Вкупното производство на погонот изнесувал 923.487 примероци, со што „застава 750“ беше еден од најпопуларните автомобили на патиштата во бивша Југославија.

Колата беше  изработена по италијанска мерка, темпераментен за својата класа, наменет, пред сѐ, за купувачи со помал буџет. Мал, економичен автомобил, доволно простран за семејство со поплиток џеб и доволно отмен за дама во скапа бунда која со голем автомобил не може да се снајде во градот“, напиша Југопапир на 30-годишнината од производството на „фиќото“.

Во 1955 година биле склопени 25 возила. Оттогаш до крајот на 1984 година од лентата се симнале 902.347 автомобили.

Веќе во 1960 година стариот мотор од 633 кубика е заменет со нов и посилен мотор од 750 кубика. Тогаш во ознаката 600 додадено е една буква „Д“. Четири години подоцна „фиќото“ го добива официјалното име „застава 750“. Во 1968 вратата беше свртена „наопаку“.

Две години подоцна „Фиат“ престана да го произведува овој модел, иако дотогаш на купувачите им испорача два и пол милиони возила.

видео: Охрид 1