Насловната фотографија на овој текст е направена во 8 часот наутро, кога група туристи од Турција по доручекот организирано тргнува во разгледување на Охрид.
Туристичките агенции и туроператорите од Охрид, Македонија и Балканот го полнат Охрид со туристи и во градот продолжува трендот на максимална исполнест на хотелите кој започна од март годинава.
Хотелите се цело време максимално исполнети пред се со странски туристи кои организирано доаѓаат најмногу од Европа, Туриција и Далечниот Исток.
Така во Охрид не прекинато со месеци имаме организирани групи туристи од Турција, Полска, Малезија, а индивидуално во Охрид доаѓаат туристи од Велика Британија.
Не е мал бројот на туристи т.н. „травелери“ ( патувачи ) кои патуваат низ повеќе дестинации индивидуално организирани и на мапата го имаат ставено Охрид.
Туризмот во Охрид се врати во живот по 2007 година, кога тогашната влада на ВМРО ДПМНЕ воведе субвенции во овој сектор, што доведе де раст на бизнисите во туристичкиот сектор и борба за што повеќе туристи.
Потоа дополнителен стмул во тој период беа и субвенциите за авио линиите кои ги поврзаа Охрид и Скопје со светот, и внесувањето на ТАВ Македонија во македонските аеродроми што доведе до нивна модернизација.
ИНФРАСТРУКТУРАТА И НАТАМУ Е ГЛАВЕН ПРОБЛЕМ
За жал по 2017 сите инфраструктурни проекти кои беа во фаза на реализација доживејаа судбина да бидат речиси запрени, авто патот од Охрид до Кичево влезе во 11 година од градбата , а целосно распаднат и запоставен е патот кој води од Охрид до Свети Наум и натаму до соседна Албанија, каде пак околу Поградец се случува вистински инфраструктуртен бум.
Ohrid1.com Фото: www.onemedia.mk