четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

Поставени пловни препреки на Сатеска и Даљан за заштита на Охридското Езеро од отпад

СКОПСКО во рамки на својата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ постави пловни препреки на реките Сатеска и Даљан. Главна цел на платформата е заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и намалувње на загадувањето. Двете реки се идентивикувани како едни од поголемите загадувачи на езерото со пловен и пакувачки отпад и со овие препреки директно се адресира тој проблем.

Пловните препреки ќе функционираат како физичка бариера која го сопира пловниот и пакувачки отпад да не заврши во Охридското Езеро. „Отпадот ќе се собира, селектира и рециклира што е еден од најлесно применливите модели од циркуларната економија кон која стремиме.