Големиот сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец почина на денешен ден, во 916 година. Но, бидејќи тој и за време на својот живот именденот го празнувал на 25 ноември,
на празникот на светиот свештеномаченик Климент епископ Римски, подоцна неговиот главен празник беше поместен на овој датум,
а на денешен ден се празнува заедничкиот спомен на седумтемина рамноапостолни словенски светители познати како свети Седмочисленици – светите Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј.
Светиот Климент Охридски Чудотворец е најпознатиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј и поради тоа денот на неговото упокојување беше земен за нивни заеднички празник.
denovi.mk