АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Имам голема чест и задоволство да ви го најавам првото издание на големата спортско-промотивна манифестација Ohrid Water Festival

Долги години наназад слушавме и дебатиравме дека е потребна поголема промоција на водените спортови на Охридското Езеро и дека на Охрид му е потребна масовна манифестација која ќе придонесе за развојот на градот како интересна дестинација за спортски туризам.
Навистина сум среќен и горд што низ заедничка соработка, конечно успеавме од зборови да преминеме на дела и нашите идеи да ги претвориме во реалност. Имам голема чест и задоволство да ви го најавам првото издание на големата спортско-промотивна манифестација Ohrid Water Festival која ќе се одржува од 19 -ти до 27-ми август.
Се работи за една нова спортска приказна која е симбол на неизмерната љубов кон нашето уникатно Охридско Езеро испреплетена со нашата голема желба за поголем развој и популаризација на водените спортови.
Манифестацијата вклучува натпревари и активности на вода и има за цел да допре до најмладата популација и да им ги промовира сите позитивни аспекти на водените спортови и да придонесе за зголемување на интересот и свеста за здрав начин на живот, пишува во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.