АктуелноОхрид

СВР затекна 11 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохиол – веднаш се исклучени од сообраќај

На 29/30.07.2023 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид, преземени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале 11 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохиол (Охрид- 07, Струга-01, Кичево-02, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

извор: СВР Охрид