АктуелноОхрид

Во автокамп, кај 37 годишен скопјанец полицијата пронашла кокаин и марихуана

На 29-07-2023 година, во СВР Охрид лишен од слобода е 37 годишно лице од Скопје. При преглед извршен во автокамп лоциран на брегот на Охридското езеро, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин и марихуана. Дополнително, при претрес извршен по судска наредба во неговата камп приколка, пронајдена е кеса со марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид