АктуелноОхрид

Тешка сообраќајна несреќа кај Лескоец, повредени три лица

Денеска (26.07.2023) во 00.05 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид– Ресен, кај селото Лескоец, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 31 годишен охриѓанец и патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 53 годишен битолчанец од с. Горно Оризари, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „опел“ констатирани во Општа болница Охрид, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „пежо“ и сопатник од истото возило кој бил од Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид

извор: СВР Охрид