АктуелноОхрид

Насуфи: Го предизвикувам министерот Шаќири да му ги преземе надлежностите на Мерко во основното образование поради бројни прекршоци!

Го предизвикувам Министерот за Образование и Наука Шаќири, кадар на Универзитетот на НОН МЕРКО во Струга, да му ги преземе надлежностите на Општина Струга во областа на Основното Образование поради бројни прекршоци во некои Основни Училишта во Струга констатирани и докажани со Записници и Извештаи од Државниот Просветен Инспекторат во РСМ, напиша на својот ФБ профил Претседателот на огранокот Струга на Алијанса за Албанците, Љуљзим Насуфи.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Прекршоци кои се пријавени и констатирани во процесот на именување и продолжување на именувањето в.д. Директори во некои Струшки Основни Училишта се однесуваат во делот на неисполнување на условите за вршење на должноста, в.д. Директори како и вработување на некомпетентни кадри за наставни предмети во некои Основни и Средни Училишта, кои се претворени во Феномен во Општина Струга со НОН МЕРКО, со што го доведоа Основното Образование во Струга на најниско ниво, во хаотична и нефункционална состојба.
Констатираните прекршоци во записници на Државниот Просветен Инспекторат, не ги чувајте во вашите фиоки и рафтови туку веднаш интервенирајте на терен, со цел почитување на Законот и подобрување на условите во Основните Училишта и образовниот процес во целина.
Вашата интервенција, колку и да е минимална, ќе го запре трендот на интервенција на политиката во Основното и Средното Образование во Општината, како и падот на нивото на Образованието во Општина Струга, додека вашето неинтервенирање како што сте направиле до денес ќе докаже дека сте контролирани од НОН МЕРКО, и неговиот тараф околу ,, Бермудскиот Триаголник ,, – и дека сте толерантен и одговорен за настанатата ситуација во Образованието во Струга.

извор: ФБ Љуљзим Насуфи