На 23.07.2023 во 17.10 часот во автокамп на брегот на Охридското Езеро, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода 33 и 26 годишни мажи, двајцата од Дебар. При преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со остатоци од црна течна материја и метален грендер со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид