АктуелноОхрид

СВР за опожареното возило на Туристичка – лицето кое помагало при вадењето на патниците, пренесено во болница

На 22.07.2023 година во 12.55 часот, во возило „сеат алхамбра“ со охридски регистарски ознаки, што го управувала 40  годишен жител од селото Мешеишта, општина Дебрца, кое се движело по булеварот „Туристичка“ во Охрид, настанал пожар. Во пожарот со телесни повреди се здобило 31 годишно  лице од Охрид, кој помагал при вадење на патниците од возилото и тој бил пренесен во Општата болница во Охрид. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид извршила увидна екипа на СВР Охрид.

извор: СВР Охрид