Синоќа на летната сцена во охридската чаршија се одржа фолклорен фестивал кој беше организиран од страна на Агенцијата за иселеници, каде свој настап имаа иселеници од Австрија, Романија, Хрватска, Словенија и Србија.
Фолклорот и македонската песна надалеку се негува и продолжува и надвор од Македонија, а за тоа се доказ токму овие учесници кои беа дел од едно несекојдневно дружење во Охрид.
https://www.youtube.com/watch?fbclid=IwAR3n2o778QwZS7Wp2dM8CSE5KGBdZIKnAWZeuG9tM-1JEmpiPOPu_S30aOM&v=Kb8a7y1zR2c&feature=youtu.be