среда, ноември 20, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Враништа без вода, жителите реагираат не се обавестени да направат резерви во пеколните горештини

Жителите на струшко Враништа секој втор ден се без вода. Тие реагираат на ваквата состојба со оглед на високите температури и ситуацијата во која се наоѓаат без притоа да бидат известени дека ќе нема вода, па претходно да можат да обезбедат резерви.

На високи температури кога Македонија е во портокалова фаза од топлотен бран и денес до 15 часот Враништа беше без основното, водата.

Како што истакнуваат од селото  било побарано информација за што станува збор,  каков проблем е настанат но не добиле одговор од ЈП Водовод Струга во првиот обид, додека во вториот обид кога била побарана информација им било кажано дека станува збор за дефект.

Од месното население за Охрид1 потврдуваат дека нема никакви екипи од ЈП Водовод да интервенираат на некаков настанат дефект на територијата на селото, додаваат каков е тој дефект кој настанува секој втор ден, велат тие.

Завчера, во вторникот Враништа беше цел ден без вода а истата ситуација ја имаа и денес жителите од ова село, на 35степени оставени без вода и без одговор зошто и што се случува со водоводниот систем, кој и онака е со слаб притисок години наназад.