АктуелноОхрид

Општина Струга забрани шетање по костими за капење низ централното шеталиште

Заради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од Чаршискиот мост до Зелениот пазар), Општина Струга забрани шетање во бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден.

-Ги замолуваме сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори.Вашето однесување е слика за градот, затоа сите заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика на една туристички град.

Извор: strugaonline.mk

фото:strugaonline.mk