АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Оваа сабота преосветување на манастирот Света Богородица во Заум

Од Дебарско – кичевската епархија Охрид информираат дека од 08:00 часот ќе има утрена богослужба, а од 09:00 часот ќе започне чинот на преосветување на манастирскиот храм.

Во 10:00 часот ќе започне Света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски, Плаошко-струшки и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Европски г.Пимен.

За заинтересираните кои ќе сакаат да присуствуваат има организиран превоз од селото Трпејца и со бродот „Александрија 2“ од градското пристаниште. Билети по симболична цена од 200 денари ќе можат да се набават петок после 17:00 на градско пристаниште, а во сабота бродот тргнува во 07:00.

 

https://www.youtube.com/watch?v=MwOXopiYiLE