Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против 23 годишно лице од село Радолишта, струшко, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „тешки дела против здравјето на луѓето“. На 05.04.2023 година пријавениот, за да се стекне со противправна имотна корист, на лице од село Велешта, струшко, му продал кокаин, кој откако го употребил му се слошило и бил пренесен во Општата болница во Струга.
извор: СВР Охрид