АктуелноОхрид

Полицијата синоќа пронашла марихуана кај две лица на улицата „Будва“

На 03.07.2023 година во 22.00 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид извршија контрола на патничко возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, паркирано на улицата „Будва“ во Охрид во кое биле 21 годишно лице  од Охрид и лице од Австралија. При прегледот полициските службеници кај охриѓанецот пронајдоа и одзедоа марихуана по што веднаш беше приведен, а сопатникот е повикан во полициска станица. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

извор: СВР Охрид