петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Приведен Охриѓанец кој физички ги нападнал полициските службеници кои преземале службени дејствија во врска со „незаконит риболов“

На 04.07.2023 година во 04.00 часот, кај месноста „Грашница“ во Охрид, лишен од слобода е 38 годишен жител од Охрид. Тој претходно физички ги нападнал полициските службеници кои преземале службени дејствија во врска со „незаконит риболов“. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид