АктуелноОхрид

(ФОТО) Тппе – Охрид извлече повредено лице во сообраќајна незгода на патниот правец Охрид-Кичево, во Општина Дебарца

Тппе – Охрид во текот на денешниот ден учествуваше во извлекување на повредено лице во сообраќајна незгода на патниот правец Охрид-Кичево, во Општина Дебарца ( во близина на с.Лактиње ). При тоа пожарникарите-спасители поради пренасочениот сообраќај , имаа потешкотии во движењето на потегот до с.Подмоље, поради неможноста на останатите учесници во сообраќајот да му отстапат простор на нашето возило за специјални намени…за среќа повреденото лице успешно е извлечено и транспортирано со итната медицинска помош во најблиската болница.

извор: ТППЕ