АктуелноОхрид

Поранешниот градоначалник Александар Петрески назначен за претседател на Управен одбор на ЈПДП

Ново кадровско решение на СДСМ Охрид.

Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, е назначен за претседател на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта, ексклузивно дознава ОХРИД 24.

Информацијата во телефонски разговор ни ја потврди и Петрески кој рече дека на функцијата бил назначен пред една недела.

Петрески беше градоначалник на Охрид во два мандати, од 2005 до 2013. Во 2014 година во акцијата “Јагула” тој и уште 14 лица беа лишени од слобода, под сомнение дека го оштетиле буџетот на општина Охрид за околу 2 милиони евра.

извор: Охрид 24