АктуелноОхрид

МВР со детали за вчерашната сообраќајка на патот Охрид-Струга, повреден е 58-годишен моторциклист

На 28.06.2023 во 16.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 33 годишно лице од Струга и мотоцикл „хонда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 58 годишно лице од Охрид. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид