АктуелноОхрид

Санкционирани возачи кои надвор од населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената

На 28.06.2023 година од 19.00 до 24.00 часот, при спроведени засилени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 4 возачи кои надвор од населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Контролите во патниот сообраќај ќе бидат интензивирани со цел зголемена сообраќајна безбедност и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот.

извор: СВР Охрид