Наш ИзборНаш изборОхрид

Малолетничка паднала од велосипед во Велгошти и се здобила со телесни повреди

Денеска (27.06.2023) во 00.45 часот, на крстосница помеѓу улиците „Живко Чинго“ и „Андреја Јованоски“ во селото Велгошти, малолетничка од истото село, управувајќи велосипед, изгубила контрола и удрила во ограда при што, се здобила со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Охрид.

Во несреќата, малолетна сопатничка на велосипедот, се здобила со тешки телесни повреди. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.