АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Лице од Гостивар нападнал лице од Поградец на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид

На 26.06.2023 година во 21.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, лице  од Гостивар го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет  нападнал лице на (31) година  од Поградец, Република Албанија.

Притоа, оштетено е возило „Голф“ сопственост на лице од Охрид.

По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.