Црвен крст Охрид, за потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води. Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира од 23 до 30 јуни 2023 г.
Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:
– Да се постари од 17 (да достават соодветен доказ, извод на родени, лична карта)
– Да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт
– Да обезбедат и достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа
Повикот трае од 10 мај до 18 јуни 2023, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов 52, Охрид, секој работен ден од 9-15 ч., на телефоните 046261909 и 070315309 или со пополнување на пријавата на линкот
На сите кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода, Црвен крст Охрид ќе им обезбеди и понуди платен ангажман како спасител на вода на соодветни капалишта во летната сезона 2023.
Црвен крст Охрид