АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

ЈП „Билјанини Извори’: Износот за добивање картица во стариот град ќе биде целосно субвенциониран од страна на Општина Охрид

ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека со одлука на Општина Охрид износот за добивање на картица за влез во стариот град на Охрид ќе биде целосно субвенциониран од страна на Општина Охрид. Сите ониe кои до сега извршиле уплата за добивање на картица износот целосно ќе им биде рефундиран. Поради тоа ги молиме сите кои веќе уплатиле од утре да дојдат во просториите на ЈП “Билјанини Извори”, спортска сала “Билјанини Извори”.