АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Ф.К. СВЕТИ ТРОИЦА ЦРНОГОРЦИ се пласира во Третата Македонска Лига

Фудбалскиот Клуб СВЕТИ ТРОИЦА ЦРНОГОРЦИ – ЗУФЕР е победник на ОФЛ Охрид .

Ф.К. СВЕТИ ТРОИЦА ЦРНОГОРЦИ – или позната како екипата од „Зуфер“ регуларниот дел од сезоната го заврши со скор од 16 победи и без ниту еден пораз и нерешен резултат , со гол разлика од +48 гола.

На полуфиналниот бараж натпревар пред публика од над 200 љубители на фудбалот, ја совладаа екипата на Ф.К. СЛАТИНО која зазврши како четврто пласирано со резултат од 5:2.  Денес на финалето во стадионот на вештачка трева Охрид Ф.К. СВЕТИ ТРОИЦА ЦРНОГОРЦИ – ЗУФЕР со резултат од 4:1 (0:0) ја совладаја екипата на Ф.К. СВЕТА ТРОИЦА 2021 и со тоа обезбедија учество во третата Македонска Фудбалска Лига.  Од формирањето оваа екипа на официјални натпревари нема ниту еден пораз , односно има 36 победи од 36 натпревари.