Како што информираат наши читатели кои испратија и фотографии каналот кој поминува од магистралниот пат Охрид Битола доведе до поплавудање на овој патен правец.
Имено, пред 5-6 години екипи на Македонија пат, делумно со рачен алат изчистиле под магистралата но не успеале да го пробијат. Проблемот е долготраен, а било пријавувано во текот на минатите години и во Македонија пат-Скопје, по електронски пат како и во подружницата на Македонија мат во Охрид и Водостопанство -подружница Црн Дрим, но без никакво решение и одговор на овој проблем со кој се соочуваат Коселчани.
Во текот на следната недела проблемот ќе биде пријавен и во општина Охрид.
Како што додаваат , надојдената вода слегува во дворовите и самоиницијативно делуваат околу нејзино расчистување.
Бараат институциите да го решат проблемот со кој се соочуваат.