недела, ноември 17, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Жаклина Лазареска тврди дека туристичките работници лажеле без усул за патот

Продолжува молкот на партијата СДСМ во врска со проблемите кои настанаа и штетите кои ги трпи туристичкиот бизнис со затворањето на патот кој води до Охрид и пренасочувањето на сообраќајот кон Охрид преку стариот пат за Струга, но и натаму едиснтвена која се огласува преку постови на Фејсбук е пратеничката Жаклина Лазареска.

Таа објави нов пост во кој тврди дека туристичките работници, како што стои во постот „лажеле без усул“ и својот став го поткрепувва со фотографии направени на патот, по кој таа тврди дека поминала за 10 минути.

На фотографиите не е видлив часовник кој покажува во колку часот се возела пратеничката и нема видео на кое би се видело колку време се возела пратеничката.

Претходно Лазареска најави дека сите треба да бидеме трпеливи до Петровден кога патот ќе бил отворен.

Во меѓувреме на социјалните мрежи граѓаните јавно пишуваа прашања :

  • Дали пратениците кои до сега земаа по 10 000 евра плус на платите, сега ќе добијат поголеми патни трошоци бидејќи мора дополнително да вртат по стариот пат и да прават повеќе километри за да дојдат од Скопје во Охрид ?
  • Дали народот на Македонија конечно ќе дочека отворени листи кои ќе се филтер и чистач на полтрони ОД СИТЕ ПАРТИИ во собраниските клупи ?
  • Каде е Љупчо Јанески – директорот на владината Агенција за туризам кој 10 дена не се има огласено со став околу затворањето на патот кон Охрид ?

Принт скрин од објавата со како што напишала пратеничката „доказот“ дека се патувало 10 минути.

ВИДЕО КАКО ИЗГЛЕДА ПАТОТ КОГА НИЕ ГО СНИМАМЕ

https://www.youtube.com/watch?v=v0igUbhOHsI