Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува своите верни чеда дека за време на претстојниот празник на светиот свештеномаченик Еразмо Охридскиот Чудотворец, ќе има богослужба во манастирот посветен на овој наш голем светител, и тоа:
1. На 14 јуни 2023 година во 19:00 часот ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба.
2. На 15 јуни 2023 година во 07:45 часот ќе започне Утрената богослужба, а пречекот на Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски ќе биде во 09:00 часот. Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09:15 часот.
Имајќи предвид дека регуларниот пат од Охрид до манастирот “Св. Еразмо Охридски” моментално е во прекин поради изведување градежни работи на истиот, а во консултација со надлежните служби, Ве известуваме дека приодот до манастирот оваа година ќе се одвива по стариот пат за Струга преку Подмоље па кон манастирот “Св. Еразмо Охридски”.
Се надеваме на Ваше разбирање и Ве повикуваме за молитвено присуство на богослужбите по повод прославата на нашиот голем заштитник и молител пред Бога, светиот Еразмо Охридски Чудотворец.
– Од канцеларијата на Дебарско-кичевската епархија Охрид