недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

20 годишен стружанец физички нападнал полициски службеници на ул.„Железничка“

На 08.06.2023 во 22.10 часот на ул.„Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 20 годишно лице од Струга затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид