Охрид

Куратица преку проектот „Потпри се на младите“ ќе го развива регионот на Плаќенска планина

Здружението на граѓани Св.Василиј од с. Куратица ќе го реализира проектот „Младите за развој на туризмот во Плаќенскиот регион“.Општата цел на проектот е зголемена економска активност на младите и жените од руралните заедници, во областа на алтернативниот туризам, а специфичната цел е подобрена и развиена инфраструктура и понуда за развој на туризмот во пределот на плаќенскиот регион. Вкупниот буџет на проектот е 615 000 денари , односно 90% финансирани од Европската Унија, а 10% учество на апликантот. Спроведувањето на проектот  е започнато од 01.06.2023 и ќе трае 6 месеци.

Проектот „Младите за развој на туризмот во Плаќенскиот регион“ е финансиран од Европската унија, како под-грант преку проектот „Потпри се младите“, спроведуван од “Македонска развојна фондација за претпријатија”, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“ и „ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје“.

 

kuratica.eu