КУД „Далги“ кое функционира при Здружението на пензионери од општините Охрид и Дебарца на ден 6 јуни имаше многу успешен и забележителен настап на пензионерската ревија на музика, песна и игра во организација на Сојузот на пензионерите на Македонија.
Домаќин на оваа музичка ревија беше ЗП Кочани, а на ревијата свое учество имаа 25 зддруженија на пензионерите членки на СЗПМ.
КУД „Далги“ настапи со изворна програма од поблиската околина на Охрид и тоа песната „Врана коња јавам јас“, и „Черешна се од корен корнеше“ а на крајот беше одиграно Велгошкото мешано оро.
Настапот на сцената со оригинални богато плетени и везани народни носии а истовремено пратени со мелозвучноста на гајдата и тапанот и сценскиот приказ на традициите од нашиот крај, предизвикаа голем интерес, задоволство и силен аплауз од многубројната публика од преполнетата сала на центарот за култура Кочани.
ЗП Охрид и Дебарца, комисија за информирање