Наш изборНаш ИзборОхрид

Сосед запалил оган во дворното место но се проширил и кај соседите

На 15.06.2025 во 09.55 часот во СВР Охрид, (60) од Охрид пријавила дека нејзиниот сосед запалил оган во неговото дворно место, при што во еден момент огнот се проширил и била зафатена пластичната мрежа и дрвата од разделната ограда помеѓу нивните дворови и постоела можност да биде зафатена нејзината куќа. Таа го изгаснала огнот, а повредени лица нема Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.