АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Охриѓанецот Кристијан Шишкоски ќе ја преставува Македонија на олимпијада по физика

Нашиот ученик од четврта година Кристијан Шишкоски, заедно со уште четворица ученици, е избран да ја претставува Македонија на 53-тата Меѓународна олимпијада по физика која ќе се одржи од 10 до 17 јули 2023 година во Токио, Јапонија. Селекциониот натпревар се одржа на 29.05.2023 година во организација на Друштвото на физичари на Република Македонија каде беа поканети 25 ученици, кои покажале најдобар резултат на државниот натпревар по физика, да земат учество. Според покажаните резултати матурантот Кристијан Шишкоски влезе во групата од петте најдобри ученици кои ќе ја претставуваат нашата земја на претстојната меѓународна олимпијада во Токио. Честитки за Кристијан и му посакуваме успех во претстојното натпреварување, информираат од охридската гимназија.