АктуелноОхрид

Охридските гимназијалци во посета на Солун

Во петокот 02.06.2023 година, нашите гимназијалци беа во посета на Солун каде се запознаа со историските знаменитости и убавините на градот. Ја посетија позната кула во градот како и Археолошкиот музеј. Упатуваме голема благодарност до Градоначалникот на град Охрид, господинот Кирил Пецаков и Локалната самоуправа бидејќи патувањето се реализира на негова иницијатива, како благодарност на Општината до нашата Гимназија и сите учесници во подготовката и реализацијата на свечената Академија која се одржа по повод Патронот на градот и на нашето училиште Св. Климент Охридски, информираат од охридската гимназија.