АктуелноОхрид

Дарио Ивановски и Билшерин Сулејман најдобри на „Охрид трчат 2023“

Со учество на 1.930 учесници од 28 држави, денеска во Охрид се одржа седмото издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчат“.

Дарио Ивановски од Република Македонија со време од еден час 11 минути и 18 секунди беше најбрз на полумаратонот, пред Тирон Мамуша од Албанија и Муџаид Мислими од Македонија. Кај дамите победата ја однесе бугарката Билшерин Сулејман со време 1.25.01 часа, пред Билјана Кираџиева од Србија и нашата Марина Домазетоска.

Бугаринот Михаил Вулковски со време од 18:52 минути беше најбрз на трката од 5 километри, пред Жорит ван дер Рат од Холандија и Атила Расим од Бугарија. Кај дамите победата ја однесе Аделина Павлова од Бугарија со време 22:29 минути, пред нашите Николина Милевска Велјановска и Бојана Наумовска на второто и третото место.