петок, ноември 15, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Пецаков: Екипи на ЈП Охридски Комуналец на терен во Љубаништа, се очекува патниот правец да биде во целосна функција.

По денешното невреме што го зафати пределот околу селото Љубаништа, веднаш на терен излегоа екипи на ЈП “Охридски комуналец” опремени со механизација.
Тие во соработка со екипи на ЈП “Македонија пат” работат на расчистување на патниот правец Охрид – Св. Наум од наталожената земја.
Се очекува за кус период патниот правец да биде во целосна функција, пишува во својата објава на ФБ градоначалникот Пецаков.