На 02.06.2023 година околу 20 часот, на улицата „Ристо Крле“ во Струга нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување од едно лице кон лице на (38) години , двајцата од Струга.
Притоа, едното лице со тврд предмет го нападнал другото лице и неговото куче-домашен миленик. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.