АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Соопштение по повод Педесетница

Возљубени верници,
Ве известуваме дека по повод големиот празник на Светата Педесетница во Бигорската Обител ќе се отслужи:
Сабота – 3 јуни
20:00 ч. – Бдение со повечерие, вечерна, утрена и прв час
Недела – 4 јуни
07:30 ч. – Трети и шести час, Архијерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, Игумен на Бигорскиот Манастир, заедно со архимандритите и јеромонасите од нашата света Обител.
10:00 ч. – Трпеза;
Веднаш после трпезата – Вечерна богослужба со молитвите за призив на Светиот Дух.

Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител