АктуелноОхрид

Владата ги одмрзна цените, власта уверува дека поскапувања нема да има

Од денеска престанува да важи владината одлука со која беа замрзнати цените на некои земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните производи. Се „одмрзнуваат“ и цените на пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња и хигиенските влошки.

Надлежните уверуваат дека поскапувања на овие производи нема да има, а доколку тоа се случи, веднаш ќе бидат преземени соодветни мерки. Ситуацијата се следи на дневна основа и оценката е дека засега нема простор за големи ценовни осцилации.

Минималните трошоци на едно семејство во март изнесувале 50.070 денари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

-Согласно податоците што ги имаме, цените на повеќето производи се и пониски од нивото на замрзнаување кое сме го имале претходно. Ако од денот кога нема да важи одлуката за замрзнување има злоупотреба од страна на трговците, секако ќе следат различни мерки, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

фото: Архива