„Чест и задоволство е да се работи со вакви ученици, но и задоволство е да се има ваков наставен кадар“, вели директорката на ОСУ „Св. Климент Охридски“, Светлана Велкоска за Охрид 1. Таа признава дека е горда што утре на денот на просветителите од страна на градоначалникот ќе бидат наградени дури 44 ученици кои освоиле награди на регионални, државни и меѓународни натпревари и медаљи на олимпијади.
Велкоска открива дел од активностите кои ги реализира училиштето во текот на школската година.
„Имавме многу активности, најмногу со младинската организација, а беа избрани и за најгласни во Македонија. Беа организирани многу работилници, активности. Не смее да не се спомне „Маникултот“ – хуманитарна манифестација во која гимназијалците ги покажат своите квалитети, умешност и вештини. Беа реализирани многу наставни и вон наставни активности, кои наставниот кадар ги работи со голем ентузијазам, со многу работилници и активности.
Гимназијата го понесе и главниот товар за патронот на градот Св Климент Охридски за свечената академија. Во континуитет работевме за натпревари во сите сфери од нашето работење и постигнавме одлични резултати. Имавме обид кој помина одлично, тоа беше навраќање кон традиционалните вредности. Учениците одговорите перфектно и на овој предизвик. Го чувствуваме празникот „Лазара“, со народни игри, носии, лазарски песни сето тоа претопено со модерните вредности, модерна ревија со препознатливи елементи“. Не смееме да го заборавиме фантастичниот музичко сценски хуманитарен спектакл на кој 80 гимназијалци под менторство на проф. Стефан Каневче приредија музичко сценски хуманитарен спектакл кој се одржа во НУЦК „Григор Прличев“, а парите од истиот се употребии за екскурзии и матурски подготовки“. вели Велкоска.
Охридската Гимназија во континуитет работи на програмата Еразмус +. Во моментов имаат гости од Турција и Полска, ги очекуваат гостите од Романија , а беа посетени од ученици и наставен кадар од Србија, Словенија. Средношколците од Охриската Гиманзија се постојано во тие проекти, учат, но и покажуваат што учеле таму.
Што се однесува до престојните уписи директорката вели дека вратите на училиштето се секогаш отворени за сите кои сакаат да учат во Охридската гимназија. Таа најавува дека на 31. 05 во среда во училиштето ќе се одржу отворениот ден за сите основци.
„Остануваме со 8 паралелки и истите насоки општествени, природни и јазично уметнички и сето ова ќе го испромовираме пред идните средношколци“, категорична е директорката.
Велковска за Охрид 1 признава дека како колектив имаат уште еден предизвик.
„Средување на самата зграда која е препознатлива и за градот. Многу туристи на кои им привлекува внимание зградата доаѓаат да не посетат. Доаѓаат групи големи групи. Имавме од Шкотска, од Данска, Шветска. Се случи во една недела да имаме 150 посетители. Целта ми е да ја отворите Гимназијата бидејќи сме заштитени како културен споменик, да работиме и во однос на културата на градот. Ние постојано го реновираме и објектот. Санитарните чворови беа најголем проблем и кои темелно ги променавме. Но, за скоро време ќе го реконструираме кровот, ѕидовите, подовите, дограмата и цела инсталација, механика, електрика. Се ќе се работи под надзор на завод и музеј“, вели Велкоска.
Разговорот со директорката на ОСУ „СВ. Климент Охридски“, Светлана Велкоска може да го проследите во продолжение…
PATUVANJA.MK РАЗГЛЕДНИЦА
https://www.youtube.com/watch?v=EdZ1SbaloMo&ab_channel=Patuvanja