петок, ноември 15, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

ЕВН ги исклучи пумпните станици за вода во поголем дел од Дебарца, поради неплатен долг

Јпкд Дебрца ги известува граѓаните на Дебрца дека пумпните станици за вода во Арбиново, Издеглавје,Требеништа,Мешеишта и Оровник еднострано и спротивно на правилата за снабдување со електрична енергија ЕВН вчера во вечерните часови ги исклучи.

Без вода во моментов се Арбиново,Издеглавје,Слатински Чифлик,Мешеишта,Требеништа,Горенци,Оровник и Подмоље. Јпкд Дебрца разговара за постигнување на спогодба со ЕВН.

Исклучен е и аеродромот во Охрид кој се наоѓа во овој регион.

Дознаваме дека со исклучени пимпни станици е и  општина Крушево.
Во моментов директорите на ЈП преговара со ЕВН, за плаќање на долгот на неколку рати.
Според законот секој граѓанин има право на достапност до доволно количество квалитетна вода во согласност со начелата за одржливо управување со водите за пиење.