петок, март 29, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Денес се празнува Светиот апостол Симон Зилот

Еден од дванаесетте (големи) апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа. Зилот значи Ревнител. А Симон е наречен ревнител заради неговата голема и огнена ревност кон Спасителот и кон Неговото Евангелие. Кога Го прими Светиот Дух, Симон отиде да го проповеда Евангелието во Мавританија во Африка. Откако успеа мнозина да ги обрати во верата Христова, беше мачен и најпосле распнат на крст како неговиот Господ, Којшто му приготви венец на слава во бесмртното царство.

denovi.mk