АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Танкоски објави видео од дива депонија блиску до „Горица1“

Градежен шут, бела техника, гуми од камиони и автомобили, зелен отпад од растенија , стојат расфрлани блиску до плажата Горица 1, а видео од ова објави познатиот охридски ветеринар Тони Танкоски, кој во видеото и зборува и кажува што се има на лице место.

За жал ова не е прв пат загрижени граѓани да објавуваат снимки од диви депонии низ Охрид и околината. Надлежните колку и да апелираат колку и да чистат, секогаш се наоѓа некој со ниска свест кој се што му е вишок без ни малку срам го одложува на јавна површина.

видео: ФБ Тони Танкоски