АктуелноОхрид

Пецаков до матурантите: Успехот доаѓа кога ќе постојат јасни планови, силна желба и постојана упорност

Околу 400 охридски матуранти од средните училишта ОСУ„ Св. Климент Охридски“, СОСУ„Св. Кирил и Методи“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, беа дел од манифестацијата „Mатурска парада“ што се одржа денеска на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.
Пред бројната публика, матурантите точно напладне го одиграа танцот „квадрил“ од штраусовата опера „Лилјакот“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Матурата е важен животен премин, кога мора де се донесат значајни одлуки за идните чекори. Верувам дека со вашата младост, вашата позитивна енергија и стекнатите знаења ќе го изберете вистинскиот пат, ќе напредувате на сите полиња и ќе бидете гордост за вашите родители и за сите нас.
Драги мои, соништата се денешните одговори на утрешните прашања. Успехот не доаѓа кога ќе посакате. Тој доаѓа кога ќе постојат јасни планови, силна желба и постојана упорност. Големиот државник Абрахам Линколн рекол, “Секогаш имајте на ум дека вашата сопствена волја за успех е многу поважна од било што друго.”
Затоа најискрено и од срце ви посакувам секогаш да имате нескротлива волја за ново знаење и мотив да ги истакнете личните квалитети. Верувам дека од вашата генерација ќе произлезат многу успешни професионалци кои ќе дадат голем придонес во идниот развој на Охрид.

извор: ФБ Кирил Пецаков