АктуелноОхрид

Утре 18 мај бесплатен влез во објектите под НУ Завод и Музеј Охрид

За поголема промоција на културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, како и генерално подигање на културната и јавна свест, ве информираме дека по повод 18-ти Maj, Меѓународниот ден на музеите, влезот за посетители во сите објекти под надлежност на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид е бесплатен.
Како дел од активностите кои се реализирани во претходниот период, претставуваат и виртуелните реконструкции на гробницата од македонски тип кај локалитетот „Караѓулевци“ и римската гробница кај локалитетот „Видобишта“. Со цел запознавање на јавноста за гробниците, виртуелните реконструкции ќе бидат проектирани во просториите на спомен куќата на Христо Узунов на 18-ти Мај.
Апелираме до сите кои се во можност, а посебно до претставниците на помладите генерации да ја искористат оваа прилика да се запознаат со значајното културно наследство со кое располага нашиот град.